Прекршен и третиот прекин на огнот во Нагорно Карабах
26.10.2020 10:18
Групата од Минск на ОБСЕ која е посредник во мировните преговори за Нагорно Карабах, а е предводена од Франција, Русија и САД, ќе одржи средба в четврток.
Баку и Ереван тврдат дека спротивната страна го прекршила и третиот прекин на огнот кој беше најавен во заедничко соопштение со Стејт департментот. Групата од Минск на ОБСЕ која е посредник во мировните преговори за Нагорно Карабах, а е предводена од Франција, Русија и САД, ќе одржи средба в четврток.
Според официјална Москва, во борбите загинале околу 5.000 луѓе. Спорниот кавкаски регион е географски дел од Азербејџан, но во него живее мнозинско ерменско насление.
