Примарно здравство

Матични лекари: Секоја покачена температура не е коронавирус

26.10.2020 10:35

Секоја покачена температура носи паника кај пациентите. Примарното здравство е преоптоварено со работа, лекарите се збунети поради постојаното менување на изјавите и стратегиите на Светската здравствена организација, вели претседателката на здружението на матични лекари...

Кога терометарот ќе покаже температура 37,3 или 37,5, почнува паника. Избезумени од страв пациентот ми ѕвони или доаѓа во ординација и итно бара да му закажам тестирање. Вели, докторке сигурно е корона вирус. Раскажува, доктор Лилија Чолакова – Дервишова, матичен лекар. Таа за ваквиот страв и паника и забележува на Светската здравствена организација, која како што вели, многу често ги менува своите изјави и стратегии. Потенцира дека во минатото истата организација ги едуцираше лекарите дека секој што има температура не треба веднаш да оди на лекар, не треба да зема антибиотици, три дена се бори организмот, така се зајакнува имунитетот.

„Сега се соочуваме со други нивни кажувања со кои ние како професионалци не се согласуваме. Заради тоа што кај нас во Македонија секогаш во овој период сме имале сезонски грип, како и во февруари. Нема никакви посебни отстапки за некој друго да ни кажува“, вели д-р Лилија Чолакова- Дервишова, претседател на Здружение на матични лекари.

Бројот на ново заболени со Ковид -19 секој ден вртоглаво расте, но тоа не значи дека секоја покачена темепература е корона вирус, смирува д-р Чолакова- Дервошова.

Не треба да дозволиме паниката да надвладее. Пациентите ни доаѓаат со секакви барања, но работата на лекарот е да го следи алгоритмот, без да дава лажни податоци и да му овозможи на пацинетот да се тестира затоа што сака да се провери. На тој начин можноста за тестирање нема да добие пацинет кој навистина имаат потреба, децидна е Чолакова-Дервошова. Таа вели дека не е само патологија корона со која се соочуваат, тековно примаат пацинети со висок крвен притисок, инфаркти, скршеници, херпесзостер.

Според неа, примарното здравство е преоптеретено, лекарите прифатија обврски кои треба да ги вршат вработените во Фондот за здравство и вработените во службите за социјална помош, вели Чолакова. Апелира до надлжените, освен со корона пандемијата паралелно да водат сметка и за примарното здравство.

 

Наташа Јанчиќ- Менковски