Расте бројот на заразени и починати од Ковид, Филипче бара итно носење на законските измени
Рекорден број на починати од Ковид-19. 22 пациенти ја загубија битката со болеста. Има 561 случај на новозаболени, од 1.901 тестирање. Министерот Филипче апелира состојбата со вирусот да се сфати сериозно. Очекува итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки за заштита и законски измени...

Според последната ковид статистика на Министерството за здравсто, досега најголем број починати. Битката со болеста ја загубија 22 пациенти. Најмладиот пациент кој почина од Ковид е на 35-годишна возраст, а најстариот на 81-годишна возраст. Освен двајца пациенти, сите останати се починати во болнички услови.
Има 561 случај на новозаболени, од 1.901 тестирање. Ова се рекорди 30 проценти позитивни од вкупно тестирани лица. Повеќе од половина од новозаразените се од Скопје, односно 271 лице. Болничките капацитети се речиси полни, а се полни и модуларната болница. Речиси 600 пациенти се хоспитализирани во инфективните клиники низ земјава.
Состојбата со вирусот е исклучително сериозна и критична, притисокот врз болниците и медицинскиот кадар е огромен, напиша на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче. Апелира состојбата со вирусот да се сфати сериозно, додавајќи дека од секој зависи како ќе го надминеме есенскиот бран на вирусот. Очекувам итно и по скратена постапка да се донесат сите мерки за заштита и законски измени, вели Филипче.
Заради зајакнување на капацитетите, веќе е најавено поставување на 16 мини ковид- одделенија, а министерот за здравство Венко Филипче најави и зголемување на термините и на бројот на тестови.
