Османи е оптимист дека ќе почнат преговорите со ЕУ и покрај недоразбирањата со Бугарија

26.10.2020 11:53

Доколку нашиот источен сосед побара дополнителни гаранции, можат да се потпишат декларации за појаснување на Договорот за добрососедство дека немаме територијални претензии, вели шефот на дипломатијата, Османи...

Шефот на дипломатијата Османи е оптимист дека преговорите со ЕУ ќе почнат и покрај недоразбирањата со Бугарија. Оценува - доколку нашиот источен сосед побара дополнителни гаранции, можат да се потпишат декларации за појаснување на Договорот за добрососедство дека немаме територијални претензии кога го употребуваме краткото име Северна Македонија. Дополнително и дека немаме намера да се мешаме во внатрешните работи на Бугарија.

Во двете соседни земји веќе работат работни групи кои имаат задача да ги остранат сите пречки коишто се појавија пред усвојувањето на преговарачката рамка и одржувањето на првата меѓувладина конференција за време на германското претседавање.

Како политичари, вели шефот на дипломатијата, нема да се мешаме во работата на заедничката комисија за историски прашања, но воедно ги охрабруваме да дојдат побрзо до решенија на спротивните ставови.

Ирина Гелевска