Владата размислува за петти пакет економски мерки доколку продолжи ковид- кризата
Владата размислува за донесување на нов петти пакет економски мерки доколку продолжи кризата предизвикана со ковид- пандемијата, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Според него, во фокусот се зачувувањето на работните места и ликвидноста на компаниите...

Владата размислува за донесување на нов петти пакет економски мерки доколку продолжи кризата предизвикана со ковид- пандемијата, вели вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Според него, во фокусот се зачувувањето на работните места и ликвидноста на компаниите. Информира дека заради здравствената заштита, не се исклучува можноста за мерките за ограничување на работата на угостителските објекти, да им бидат изречени и на други економски оператори.
Наредната недела се очекува да почне потпишувањето на новите договори за финансиска поддршка на компаниите. Се предвидуваат 100 милиони евра да се внесат во стопанството во оваа и во 2021-ва година. Годинава се потпишани договори со 38 компании и 10 анекси на договори во вредност од над 53 милиони долари.
Од преклани досега биле потпишани 245 договори. Лани се реализирани 17,5 милиони евра, дополнително се очекуваат и нови 490 вработувања.
Дијана Ценевска
