ФРАНЦИЈА

Макрон најави интензивирање на борбата против радикалниот Ислам

26.10.2020 12:20

Макрон најави интензивирање на борбата против радикалниот Ислам чијашто идеологија, според него, била насочена кон уништување на француската република. Според властите во Париз, во центарот на францускиот национален идентитет е секуларизмот, а попречувањето на слободата на изразување за да се заштитат чувствата на конректна заедница го поткопува единството.

„Во историјата сме се бореле против тиранијата и фанатизмот, ќе продолжиме со тоа, ние сме на страната на достоинството и универзалните вредности“, порача францускиот претседател Емануел Макрон заострувајќи ја реториката кон дел од лидерите на муслиманските земји.

Вербалната војна ескалираше по обезглавувањето на францускиот наставник Самуел Пати кој на час за слобода на изразувањето покажувал карикатури со муслиманскиот пророк Мухамед од сатиричниот весник Шарли Ебдо. Пред неколку години, поради објавување на вакви цртежи беше нападната редакцијата на овој пишан медиум при што имаше жртви.

Макрон најави интензивирање на борбата против радикалниот Ислам чијашто идеологија, според него, била насочена кон уништување на француската република. Според властите во Париз, во центарот на францускиот национален идентитет е секуларизмот, а попречувањето на слободата на изразување за да се заштитат чувствата на конректна заедница го поткопува единството.

„Нема да се предадеме, никогаш. Ги почитуваме сите разлики во духот на мирот. Не прифаќаме говор на омраза и поддржуваме разумна дебата. Секогаш ќе бидеме на страната на човековото достоинство и на универзалните вредност“, напиша Макрон на својот профил на Твитер.

Во меѓувреме, се проширува кампањата за бојкот на француски производи Блискиот Исток.  Кувајт, Јордан и Катар веќе ги отстранија продуктите од своите продавници. Мисијата се интензивира и на социјалните мрежи во многу други земји, меѓу кои се и Палестина, Египет, Саудиска Арабија и Турција. Претседателот Ердоган ја обнови вербалната пресметка и со холандската влада откако политичарот Герт Вилдерс го нарече „терорист“ шефот на турската држава.  Ја обвини ЕУ за ширење на исламофобија.

„Фашизмот не е во нашата книга, во вашата е. Видовме фашизам во Германија, во Италија, живеевме во нацизмот. Вие чекоревте крај нив. Ние немаме ни фашизам ни нацизам. Ние имаме општествена правда“, изјави претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Франција и Турција водат спорови и поради серија други прашања, вклучувајќи ги Сирија, Либија и Нагорно Карабах.

Маја С. Филдишев