Пожарникарите на протест, бараат да им се исплати надоместокт за опасност при работа
Пожарникарите се жалат поради бавноста на реализацијата на правосилноста на пресудата која требала да биде внесена во платата пред година и половина.

Луѓето кои речиси секојдневно го ризикуваат животот за доброто на сите, протестираа во кругот на главната противпожарна станица во Автокоманда. Велат, веќе години наназад Градот Скопје не им го плаќа надоместокот за опасност при работа за редовна плата, затоа биле принудени истиот надоместок да го добијат по судски пат.
Пожарникарите се жалат поради бавноста на реализацијата на правосилноста на пресудата која требала да биде внесена во платата пред година и половина.
Самоиницијативно формираа иницијативен одбор составен од членови кои ги претставуваат скопските противпоожарни чети.
Очекуваат градоначалникот Шилегов веднаш да донесе одлука за израмнување и корекција на плата, со вкупниот надоместок од судските пресуди. Доколку тоа не се случи, најавуваат протест пред Градското собрание со присуство на сите пожарникари кои нема да се на дежурство. Барањата и протестите, велат, немаат политичка обоеност.
Александра Спировска
