Вевчани ќе добие современ туристички центар
Привршува реконструкцијата на старото основно училиште и негово трансформирање во мултуифункционален туристички објект. На површина од 1.400 квадратни метри ќе има конгресна сала, галерија, музејски поставки, фитнес сала, кафетерии и други содржини.

Вевчани наскоро ќе добие современ туристички центар. Привршува реконструкцијата на старото основно училиште и негово трансформирање во мултуифункционален туристички објект.
На површина од 1.400 квадратни метри ќе има конгресна сала, галерија, музејски поставки, фитнес сала, кафетерии и други содржини.
„Проектот е веќе готов, треба да се распише јавен оглас на партерно уредување, а потоа и опремување. Очекуваме на крајот на годинава или на почетокот на следната да имаме свечено отворање“, вели Сашо Јанкоски градоначалник на општина Вевчани.
Општина Вевчани поседува богато културно наследство, кое ќе биде презентирано во музејот во рамките на објектот. Ќе бидат изложени поставки, кои го карактеризираат духот на Вевчани.
„Ќе има поставка од зштитеното подрачје на Јабланица, ќе има етно музеј од Василица, поставки до народните носии во Вевчани. Ќе може да ги кроситат локалите етно ресторани за семинари“, додава Јанкоски.
Овој современ објект ќе придонесе за збогатување на туристичките содржини во општина Вевчани.
Соња Рилковска
