СЗО и Википедија заедно во борба против ширењето на дезинформации за коронавирус
Светската здравствена организација соработува со онлајн енциклопедијата Википедија за заедничко ширење на веродостојни информации за ковид-19 низ целиот свет.

Стотици илјади доброволни уредници кои постојано ја ажурираат Википедија, во иднина ќе имаат пристап до инфографики на СЗО, видеа и други материјали што ќе можат слободно да ги користат, објавија Агенцијата за здравство на ООН и Фондацијата Викимедија.
Википедија е една од најпосетуваните Интернет страници кога станува збор за здравствени информации, тврдат двете организации.
„Широкиот пристап до проверени здравствени информации е клучен за луѓето да бидат информирани за пандемијата и да останат здрави“, рече генералниот директор на СЗО Тедрос Аданом Гебрејесус.
Википедија во моментов нуди повеќе од 5.200 статии на 175 јазици поврзани со информации covid-19.
Со енциклопедијата управува Викимедија фондацијата со седиште во Сан Франциско.
Дијана Гогова
