Планетата е на раб на масовно истребување, видовите исчезнуваат сто до илјада пати побрзо од очекуваното
Исправување на кривата на брзо распаѓање и уништување на природата бара агресивно решавање на проблеми на повеќе фронтови одеднаш, предупредуваат научниците.

За да се спречи, на пример, истребување лавови и поларни мечки и да се запре уништувањето на дождовните шуми, потребен е план за повеќенаменски потреби за „заштита на безбедносната мрежа“ на природниот свет, објави списанието „Сајанс“.
„Не е доволно да се има само амбициозна цел за борба против истребувањето на видовите, ако немаме еднакво амбициозна цел за екосистемите и генетската разновидност“, рече еден од авторите, зоологот Пјеро Висконти, научник од Меѓународниот институт за применета анализа во Виена.
Написот е потпишан од 60 експерти од целиот свет пред самитот за биодиверзитет што ќе се одржи во Кина следната година.
Станува збор за преговори на 200 земји под покровителство на Конвенцијата на ООН за биолошка разновидност, „COP15“, што требаше да се одржи овој месец, но беше одложена поради пандемијата. Претходните напори за заштита и обновување на природата не успеаја.
Планетата е на врвот на масовно истребување бидејќи видовите исчезнуваат сто до илјада пати побрзо од нормалните стапки, се согласуваат повеќето научници.
Научен панел на ООН за биодиверзитет минатата година во драматичен извештај предупреди дека милион видови се соочуваат со истребување, главно поради загубата на живеалиштата и преголемата експлоатација, а луѓето се одговорни за тоа.
Низа цели усвоени од истото тело на ООН пред една деценија, кои требаше да бидат исполнети до крајот на оваа, беа целосно промашени. Во меѓувреме, и покрај широк спектар на мерки, деградацијата на животната средина продолжи.
Минатата година, на секои шест секунди се уништуваше областа на дождовна шума со големина на фудбалско поле, или вкупно околу 38.000 квадратни километри, покажаа сателитските податоци. Приближно истите површини беа уништени во претходните години.
Минатиот месец, Светската организација за заштита (WWF) објави дека популацијата на животни, птици, риби и растенија се намалила за скоро 70 проценти од 1970 година.
„Не успеваме да ја заштитиме различноста на животот на Земјата“, рече Јохан Рокстром, директор на Институтот за истражување на влијанието на климата со седиште во Потсдам. „И не успеваме да обезбедиме стабилна планета за идните генерации“, додаде тој.
Повеќето експерти сметаат дека самитот „COP15“, кој треба да се одржи следната година „сега или никогаш“, е време да се запре уништувањето на природата.
„Сите докази сугерираат дека 2030 година е краен рок и клучен рок за дефинирање на амбициозни и реални цели“, рече коавторот на извештајот Јун Јаи Шин, научник од Институтот за развој на истражување во Марсеј.
Дијана Гогова
