Цената на бензините и на екстралесното масло се намалува за половина денар
Литар Бензин БС- 95 ќе се продава за 58,50 денари, односно 60,50 денари за 98-ката. Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, екстралесното масло ќе се продава за 50 денари, додека кај дизелот нема промена на цената.

Од полноќ цените на бензините и на екстралесното масло за домаќинство се намалуваат за половина денар. Литар Бензин БС- 95 ќе се продава за 58,50 денари, односно 60,50 денари за 98-ката.
Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, екстралесното масло ќе се продава за 50 денари, додека кај дизелот нема промена на цената.
Цената на мазутот се зголемува за 0,18 денари и килограм ќе чини 26,938 денари.
Причини за корекциите на цените на дериватите се поевтинувањето на бензините и екстралесното на берзите, односно поскапувањето на мазутот, како и понискиот курс на американскиот долар во однос на денарот.
