Битола: Инфективното одделение полно
Битолската клиничка болница го активира и вториот план за зголемување на леглата за ковид пациентите. Денеска се пополнети и последните слободни места на неодамна отворениот крак на инфективното одделение. Бројката се искачи на 60 хоспитализирани пациенти со Ковид-19...

По есенскиов бран медицинскиот песонал на битолскиот ковид центар го чувствува најголемиот притисок од почетокот на пандемијата. Малубројната стручна епипа е преморена, а напливот на пациенти зголеменен. На проширеното инфективно оделение тешко се наоѓа слоботно место.
Полни раце работа и во лабараторијата на Центарот за јавно здравје. Дневно се прават 50-ина тестови преку Мој термин и по епидемиолошки индикации. Граѓаните загрижени од информациите дека има и такви новозаразени кои не даваат податоци за контактите.
Дел од граѓаните, освен од последиците по здравјето, загрижени и од економските насоки што ги наметнува пандемијата.
Ако на почетокот Битола ретко беше застапена во билтените, во последно време во континуитет бројката на новозаразени е двоцифрена. По вчерашните 17, бројката на инфицирани од почетокот на пандемијата се искачи на 559, активни се 179, а околу 550 се во изолација. Како последица на корона вирусот 21 лице починало.
Стевче Митевски
