Зголемен бројот на заразени со Ковид-19 во градинките, состојбата се следи

26.10.2020 15:52

Минатава недела евидентно е зголемен бројот на новозаразени деца и вработени во градинките, односно од 17-ти октомври до вчера се заразени плус 9 деца и 40 вработени – информираше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Во моментот 482 деца се во изолација, а вработени околу 77. Следејќи ги состојбите во државата ние заедно со здравствените власти ќе правиме проценка. МТСП ги сумира дневните во неделен извештај и секој петок податоците ги доставува до Комисијата за заразни болести за да има увид при предлагањето нови мерки во врска на пандемијата, рече министерката Шахпаска.

Таа додаде дека сите вработени и дечињата кои биле позитивни се во добра здравствена состојба. Во иминатиот период имало една хоспитализција на дете и еден воспитувач, кој имал и други дополнителни хронични болести, поради што бил згрижен во болнички услови.

Генерално сега засега состојбата со децата во градинките е добра. Правиме увид и проценки како ќе се однесуваме понатаму, истакна министерката Шахпаска.