Во тек е третата фаза од обновата на мостовите на Коридорот 10
14.03.2014 10:31
Се очекува до септември следната година да бидат подобрени 13 мостовски конструкции по трасата на делницата Велес-Катланово на Коридорот 10, во вредност од околу 8,6 милиони евра...

Во тек се активностите што се предвидени со третата фаза од проектот за рехабилитација на мостовите на патниот правец Велес-Скопје на Коридорот 10, што почна во ноември лани.
Се очекува до септември следната година да бидат подобрени 13 мостовски конструкции по трасата на делницата Велес-Катланово на Коридорот 10, во вредност од околу 8,6 милиони евра.
Претходно, со реализација на првата и втората фаза беа реконструирани 51 мостовска конструкција со вкупна должина од 4.090 метри, за кои инвестицијата изнесуваше 22.500.000 евра.
