Расте мистеријата околу исчезнатиот малезиски „Боинг“

14.03.2014 10:36

Наводно, комуникациските сателити регистрирале слаби електронски сигнали од неговиот систем за одржување на дефекти четири часа откако го снемало од радарите...

Уште помистериозно станува исчезнувањето на малезискиот Боинг.

Наводно, комуникациските сателити регистрирале слаби електронски сигнали од неговиот систем за одржување на дефекти четири часа откако го снемало од радарите.

Како што пренесуваат повеќе медиуми, не биле доволно силни да се утврди неговата локација и состојба на исправност, но укажуваат дека веројатно го продолжил летот.

Белата куќа соопшти дека фокусот е свртен на индискиот океан поради нови траги, но американските спасувачи велат дека нема ништо конкретно.