Не стивнуваат воените дејствија во Нагорно-Карабах

27.10.2020 10:41

Армијата на Карабах известува дека се водат локални борби во неколку насоки на фронтот и дека непријателот стрела кон цивилни населби.

Не стивнуваат воените дејствија во Нагорно-Карабах,  и покрај неколкуте обиди за примирје. Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека неколку наслеби  синоќа се нашле на удар на ерменските вооружени сили. Убиен е висок ерменски офицер.

Армијата на Карабах известува дека се водат локални борби во неколку насоки на фронтот и дека непријателот стрела кон цивилни населби.

Министерството информира  дека е уништен предниот команден пункт на 18-та моторизирана дивизија на ерменските вооружени сили.