Голем шумски пожар во близина на Лос Анџелес

27.10.2020 11:48

Во американската сојузна држава Калифорнија пожари беснеат уште од средината на август...

Голем шумски пожар се шири со голема брзина на околу 70 километри југоисточно од Лос Анџелес. Повеќе од 100.000 луѓе мораа да ги напуштат домовите.

Во американската сојузна држава Калифорнија пожари беснеат уште од средината на август. Досега се уништени над 16.000 квадратни километри шума и обработливо земјиште.