Сцена

Саша Барон Коен му понуди улога на Трамп доколку ги загуби изборите

27.10.2020 12:22

Доколку Доналд Трамп не победи на изборите на почетокот на следниот месец, Саша Барон Коен ќе му понуди деловна можност.

Откако Трамп го нарече англискиот комичар „лажен“ и „чудак“, коментирајќи го новото продолжение на авантурите на замислениот Казахстанец Борат,  Саша Барон Коен му се обрати директно на Твитер.

„Доналд, ја ценам бесплатната реклама за Борат“, напиша актерот и продуцент.

"Признавам, ти не си ми смешен. Но, целиот свет сè уште ти се смее, ќе ти треба работа по инаугурацијата на 20 јануари. Ајде да разговараме", рече Барон Коен.

Во новото продолжение на Борат, жртва беше адвокатот на Трамп, Руди Џулијани. Тој е фатен во филмот во невообичаена позиција, со рацете во панталоните, додека над него стои актерка која ја игра ќерката на Борат, конзервативен телевизиски новинар.

Џулијани ги отфрли тврдењата дека ги турнал рацете во панталоните, пишувајќи на Твитер дека ја мести кошулата откако ги симнал од себе  микрофоните.

Новинарите го прашаа Трамп дали е загрижен за нарушувања на безбедноста, бидејќи филмот покажа дека филмската ќерка на Борат, Марија Бакалова, влегува во Белата куќа и разговара со Доналд Трамп јуниор.

„Пред многу години, Барон Коен се обиде да ме измами и јас бев единствениот што рече дека нема шанси. Тој човек е лажен и не ми е смешен “, рече Трамп.

Дијана Гогова