Ако не знаете како да прифатите критика, никогаш нема да успеете во животот – објаснување од психолозите зошто е тоа така
Дали некој некогаш ви рекол дека лошо реагирате на критики? Ако реагирате бурно на секоја критика, дури и на добронамерната, никогаш нема да напредувате во животот, велат психолозите.

Еве како тие го објаснуваат тоа:
Всушност, природно е да се развива аверзија кон критика. Нашиот мозок првично автоматски реагира на критиките, но тој инстинкт треба да се контролира бидејќи може да ни помогне во животот.
Критиката има многу предности. Ако успеме да се избориме со природната склоност да се браниме од нив и со задоволство да ги прифатиме, ќе станеме поуспешни.
Критиката нè носи на следно ниво
Почнете да размислувате на овој начин: критиката ви помага да се подобрите, а не да ве враќа назад.
Сите ние бараме начин во животот и сосема е нормално да се изгубиме некогаш. Иако е тешко за нас да признаеме, сите имаме многу да научиме и критиките можат да не одведат на вистинскиот пат. Ни требаат овие сигнали за да одиме напред.
Замислете да создадете одреден производ или да напишете статија или да влезете во одредена врска без никакво потсетување. Како тогаш би знаеле дали сме на вистинскиот пат или не?
Критиките ни даваат информации што ни се потребни за да успееме во секој аспект од животот.
Ако ги игнорираме никогаш нема да можеме да постигнеме големи работи во животот. Само оние кои знаат да ја слушаат околината и да прифаќаат совети, можат да го достигнат самиот врв.
Не барајте пофалби ако сакате да успеете. Критиката е клучот за успехот.
Дијана Гогова
