За една недела над 200 заболени со Ковид-19 во тетовскиот регион
За само една недела во тетовскиот регион евидентирани се 205 лица со коронавирус. Сега бројот на заразени е за два пати поголем во споредба со изминатово лето, кога само кај 7 % од тестирани е евидентиран вирусот, за разлика од овој период кога над 30 % од земените бирисеви се позитивни. Големите бројки се резултат на непочитување на мерките, истакнаа од Центарот за јавно здравје- Тетово.

Заразата во овој период се шири најчесто преку фамилијарни кластери. Контактите не се кажуваат, со намера да заштитиме некого да не оди во изолација, за на крај да добиеме брза трансмисија на вирусот.
Во последно време голем број од лицата чии тестови се позитивни се во четвртата деценија од животот, население кое е најактивно и има има чести контакти, велат од Центарот за јавно здравје- Тетово.
Од Кризниот штаб на Општина Тетово, велат дека состојбата е сериозна, но болниците имаат капацитет да ги примат заразените, а со почитување на препораките можеме да се справиме со непријателот. Поригорозни мерки барем засега не треба да има.
Досега на тетовското подрачје се направени на 8.000 тестови, од кои 2.000 биле позитивни. Моментално 408 од нив се активни случаи, претежно со полесна клиничка слика.
Зоран Димовски
