Подобри услови за пациентите и платен медицински персонал
Соодветно трошење на јавните пари во здравството за потребите на пациентите, но и соодветно наградување на медицинскиот персонал се заемно зависни компоненти, особено во кризни ситуации. Според анализата на прилепско невладино здружение, спроведена последниве две години за тоа како се трошат јавните пари во здравството, многу е битно јавното здравство да е на поцврсти нозе...

Пациентите се делумно задоволни од услугите што ги добиваат во болницата, но треба правилно да се прават набавките за да бидат соодветни на нивните потреби, констатираат од прилепската невладина организација за правна едукација и транспарентност „Станица П.Е.Т“.
Здружението изминатите две години направило 15 индивидуални интервјуа и опфатило 40 пациенти кои користеле здравствени услуги за да се одговори на прашањето: Како се трошат јавните пари во здравствениот сектор?
Подобрите здравствени услови за пациентите зависат и односот на државата спрема јавното здравство, но и соодветното наградување на медицинскиот персонал.
Подготвено е и првото издание на Гласник за антикорупција на локално ниво.
Елизабета Митреска
