34 иновациски проекти добија поддршка од Фондот за иновации

27.10.2020 15:31

34 иновациски проекти добија поддршка од Фондот за иновации. Заедно ќе ги развиваат бизнисот и научната фела. Парите ќе легнат на сметките на универзитетите, 10,7 милиони добива УКИМ. Компаниите ќе добијат соодветни услуги, стручна помош од нив...

Ќе се произведуваат лабораториски прототипови. Ќе се развиваат софтверски решенија, ќе се подобрува технологијата. На иновациските решенија заедно ќе работат научната фела и бизнисот. 34 ваучери за развој на проекти додели Фондот за иновации. Пристигналае 71 апликација. Вкупниот фонд е 15 милиони денари .

Од научната фела со став дека ваквите проекти имаат за цел, раст и развој на економијата. Ова само по себе е доказ дека на академијата и е потребна на индустријата, вели деканот на Машинскиот факултет, Данев.

Во 34 проекти се вклучени 16 микро, 15 мали, три големи компании и три државни универзитети. Со иновациските ваучери се покриваат до 80 проценти од вкупните трошоци.

Дијана Ценевска