Собрание

Измените на Законот за заштита од заразни болести пред Комисијата за здравство

28.10.2020 10:09

Со измените се предвидува носење маска на отворено, забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот, и ограничување на бројот на гости во домовите. Поголеми овластувања ќе добијат и инспекторите...

Собранието даде зелено светло, законските корекции за заштита на населението од заразни болести, пред матичната Комисија за здравство.

Со нив предвидува носење маска на отворено, забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот, и ограничување на бројот на гости во домовите. Поголеми овластувања ќе добијат и инспекторите. Целта е поголемо почитување на превентивните мерки за заштита од вирусот – велат здравстевните власти.

Предлог за измени и дополнувања на истиот закон достави и опозицијата, но таа точка не се најде на дневен ред поради тоа што, како што образложи спикерот Џафери, немало превод на албански јазик. Најави дека опозицискиот предлог ќе биде ставен на дневен ред на заседанието на 29-ти октомври.