Русија побара забрзана регистрација на вакцината против Ковид-19
Според индформациите, забрзаното регистрирање на вакцината според процедурата ќе ја направи руската вакцина достапна за сите побрзо отколку со конвенционалните процедури.

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација за „забрзана регистрација и претквалификација“ на својата прва вакцина против новиот коронавирус.
Русија е една од првите земји во светот што побара од СЗО да ја претквалификува нејзината вакцина. Според индформациите, забрзаното регистрирање на вакцината според процедурата ќе ја направи руската вакцина достапна за сите побрзо отколку со конвенционалните процедури.
Русија на почетокот на август рече дека е прва што развила и регистрирала вакцина против болеста Ковид-19.
Претходно месецов, рускиот претседател Владимир Путин објави дека Русија ја регистрирала својата втора вакцина против Ковид-19.
Во последните неколку недели во Русија се забележува големо ширење на епидемијата. Земјата е рангирана на четвртото место во светот според бројот на случаи.
