САД
Бајден ја зголемил предноста во анкетите
28.10.2020 11:50
Интернетското истражување кое било спроведено во периодот од 23-ти до 27-ми октомври, покажало дека 52 насто од веројатните гласачи рекле дека ќе го поддржат Бајден додека 42 насто се изјасниле за Трамп.

Една седмица пред американските претседателски избори на 3-ти ноември, според анкетите, демократскиот кандидат Џо Бајден има водство пред републиканскиот претседател Доналд Трамп на национално ниво со 10 поени.
Интернетското истражување кое било спроведено во периодот од 23-ти до 27-ми октомври, покажало дека 52 насто од веројатните гласачи рекле дека ќе го поддржат Бајден додека 42 насто се изјасниле за Трамп.
Бајден во истата анкета од 20-ти до 22-ри октомври имаше предност од 8 насто.
