Коронавирус
Над 44 милиони заразени со Ковид-19 на светско ниво
28.10.2020 12:25
Во Италија, во последните 24 часа се потврдени скоро 22 илјади случаи на инфекција со коронавирус, во Франција повеќе од 33.000, Велика Британија речиси 23 илјади, а дневниот рекорд го постави Грција.

Според најновите статистички податоци повеќе од 44 милиони луѓе биле заразени со коронавирус во светот. Во Италија, во последните 24 часа се потврдени скоро 22 илјади случаи на инфекција со коронавирус, во Франција повеќе од 33.000, Велика Британија речиси 23 илјади, а дневниот рекорд го постави Грција.
Во Италија најпогодена област останува Ломбардија, со околу 5.000 нови случаи. Во последните 24 часа во Франција се регистрирани 523 смртни случаи, што е најголем број на смртни случаи од 22 април.
