И летово, водата за пиење битолчани ќе ја имаат во потребните количини
И покрај стабилните водни ресурси битолски „Водовод“ презема дополнителни заштитни мерки...

Сушната зима нема да придонесе битолчани летово да стравуват за добивање на потрбните количини на вода за пиење. Граѓаните задоволни што следнава летна сезона ќе ги немаат проблемите на жителите од некои општини. .
„Години наназад сме немале никакви проблеми со количините за вода за пиење. Очекувам истото да биде следнава летна сезона. Тука е „Стрежево“, а битолското ЈП Водовод е силно, нели се размислуваше да му се помогне и на Прилеп“, вели Михајло Чомовски експерт во пензија од оваа област.
„Нема потреба да размислуваам за нешто лошо. Досега било се во ред очекуваам понатаму да ја чувствуваме оваа привилегија“ вели битолчанецот Јован Талески.
И покрај стабилните водни ресурси битолски „Водовод“ презема дополнителни заштитни мерки. Со последната фаза модернизирана е главната пунктна станица која во најкритичните денови од стржевската акумулација може да влече по 600 литри во секунда сирова вода која ќе се преработува во прочестителната станица.
„Извршена е замена на комплетната електрична постројка со вметнување на стопстартери или меко пуштање на пумпите во работ,а со што го заштитуваме цевководот, но и моторите и пумпите“, вели Горан Стефановски технички директор на ЈП Водовод.
„Проектот е во завршна фаза со сите технички спецификации. Со ова сакаме уште од сега да се обезбедиме за секаков предизвик и во најсушниот перид“, вели директорот Зоран Илиовски.
Од ЈП Водовод кројат планови за нова кредитна линија со Германската Банка. Велат токму поволните услови овозможија со првиот кредит да се надминат загубите на вода, и санираат доста други аномалии што го тиштеа водоводниот систем.
Стевче Митревски
