Советот за безбедност ќе расправа за состојбата со Ковид-19
28.10.2020 12:35
На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на државата и за мерките и активностите на надлежните институции, соопштија од кабинетот на шефот на државата.
Претседателот Пендаровски за утре го свика Советот за национална безбедност. Покрај редовните членови по функција, ќе присуствува и министерот за здравство, Венко Филипче.
На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на државата и за мерките и активностите на надлежните институции, соопштија од кабинетот на шефот на државата.
Информации за јавноста најавија по завршувањето на седницата.
