МЕПСО инвестира 3,18 милиони евра во ТС- Битола 2
По 38 години ќе се модернизира трафостаницата Битола 2, за што ќе бидат инвестирани 3,18 милиони евра, кредит од ЕБРД и сопствени средства на операторот...

По 38 години ќе се модернизира трафостаницата Битола 2, за што ќе бидат инвестирани 3,18 милиони евра, кредит од ЕБРД и сопствени средства на операторот. Струјата не е социјална категорија, велат од менаџментот на „МЕПСО“ затоа што преку цената треба да се обезбедат потребните средства за равитализација и модернизирање на електропреносната мрежа кои во најголем дел не се произедуваат во земјава.
„Струјата не треба да биде социјална категорија и затоа МЕПСО не може, не дека не сака. Ние знаеме каква е ситуацијата во државата особено сега поради Ковидот. Тоа на сите нас, и на мене ми ја поскапува струјата, тоа влијае на сите нас. Меѓутоа компанијата мора да продолжи да работи“, изјави Ева Шуклева, генерален директор на АД МЕПСО.
Потрошувачката на струја годинава е намалена за 10 до 12 %. Шуклева појаснува дека барале зголемувае на нивниот удел во цената на струјата за 70% , но добиле само 11 и затоа сега ќе се прават дополнителни заштеди за да се обезбедат планираните средства. На Трафостаницата Битола 2 се приклучени РЕК-Битола и двата рудника за јаглен , како и почетоците на далноводите кон Грција и Албанија.
„Преку МЕПСО влегуваме во еден сериозен инвестициски циклус од преку 100 милиони евра во изградба на нови далноводии модернизација на старите трафостаници. Во наредната фаза ќе се изградат нови 110 километри далноводи со што сатрите ќе ги замениме со нови за да обезбедиме квалитетна мрежа која што ќе трае во идните години и децении“, изјави министерот за транспорт и врски, Бочварски.
Рехабилитацијата на трафостаницата Битола 2 за која денеска беше потпишан договорот со изведувачот „Далукуводи“ од Хрватска се очекува да биде завршена за 3 години.
Свето Николовски
