54 милиони денари - награда за здравствените работници во ковид центрите
Педесет и четири милиони денари со ребалансот на буџет ќе бидат распределени за вработените во ковид центрите во Скопје и во болниците во внатрешноста на државава – награда за оние што се грижат за пациентите заразено со вирусот. Владата ја одобри набавката на лекот Ремдисивир – терапија за ковид...

Педесет и четири милиони денари награда за сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациенти, заболени од Ковид-19. Пари ќе добијат вработените во ковид- центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ земјава. Средствата се дел од вкупно 243 милиони денари за здравството, за набавка на лекот Ремдесивир, за вакцини и за тестови.
Пари за набавка на лекот ќе бидат предвидени и во буџетот за идната година, но сѐ уште не е прецизирано кога Ремдесивирот ќе стигне до оние луѓе на кои им е потребен.
Набавката на овој лек е овозможена преку Европската унија со потпишување рамковен договор меѓу Европската комисија и фармацевтската компанија „Гилијад“. Со овој договор, како што беше и претходно соопштено, ќе се обезбедат 500 илјади дози, а ќе има можност и за зголемување на количините.
Марина Стојанова- Тонева
