Жестока дебата за измените на Законот за заштита на населението од заразни болети
Законот за заштита на населението од заразни болести во Собрание, во Комисјата жестока дебата за мерките, кои предвидуваат маска да се носи и на отворено, а групирањата се забрануваат. Власта смета дека треба да се зајакне превентивата. Опозицијата обвини дека реакцијата е задоцнета. Пациентите кои се позитивни на ковид ќе се лекуваат само во јавните здравствени установи. Приватните ќе може да се вклучат во третманот на болни само ако се исцрпат капацитетите на државните установи, по проценка проценка на надлежните...

Задолжително носење маски и на отворено, забрана за групирање надвор, за семејни собири и прослави во домашни услови, предвидува Законот за здравствена заштита. Од владејачкото мнозинство оценија – потребно е да се зголеми почитувањето на превентивните мерки за заштита од коронавирусот, бидејќи расте бројот на заболени граѓани.
За опозицијата е нејасно во кои случаи маската ќе мора да се носи на отворено, дали ќе има задолжителна самоизолација за граѓаните и при негативен тест.
Овие измени владата можеше да ги вметне уште во предлогот- законот, а не дополнително да се губи време, реагираше опозицијата. СПОРЕД ВМРО – ДПМНЕ мерките се задоцнети, бројот на заболени граѓани со Ковид-19 е секојдневно во пораст, а власта со недели тактизирала.
Законските измени стапуваат во сила по објавувањето во Службен весник.
Андриана Атанасовска
