Велес- ново жариште на Ковид- 19

28.10.2020 16:17

Ковид-19 ја зема 13-та жртва во Велес. Градот е меѓу рекордерите по црната статистика. Загрижува и непочитувањето на мерките...

Кривата на заболени и кривата на починати лица од Ковид- 19 во Велес е во постојан раст. Соостојабата станува алармантна, велат и лекарите и граѓаните. Првите сметаат дека недисциплината на граѓаните се рефлектира со високата бројка на заболени, вторите реагираат на неможноста, после првите симптоми да направат тест во државните лабаратории.

Последните денови граѓаните се подисциплинирани кога станува збор за почитување на ковид мерките, видливо е држењето на растојание како и носењето на маски.

Велешани се во исчекување на ковид состојбата за денешниот ден, стравуват да не се повторат вчерашните високи бројки и на заболени и на починати. 

Памела Цилаков