Минчо Јорданов денеска ќе сведочи на судскиот процес за „Шпион“
Во обвинението се наведува дека дел од обвинетите преку уцена се обидувале да изнудат пари од познатиот бизнисмен...

Со сослушување на сведоци продолжи судскиот процес „Шпион“. Се очекува како сведок да се појави бизнисменот Минчо Јорданов.
Во обвинението се наведува дека дел од обвинетите преку уцена се обидувале да изнудат пари од познатиот бизнисмен.
На едно од претходните рочишта, Мичо Насковски негираше дека учествувал во уцената.
Ќе бидат сослушани и други сведоци предложени од страна на обвинителството.
Во првата шпионска афера во земјава им се судина 19 лица. Се товарат за шпионажа, оддавање државни тајни, уцена и уште неколку кривични дела.
Првообвинет е екс-разузнавачот Марјан Ефремов.
Според обвинителството тој им ги предавал информациите на унгарски и на грчки тајни служби.
