Собрание

Задолжително носење маска на отворено, усвоен Законот за заштита од заразни болести

29.10.2020 09:32

Задолжително носење маски и на отворено, забрана за јавни собири, но не и ограничување на бројот на гости дома. Во Собранието донесени измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. 53-ца пратеници гласаа за, а 26 воздржано. Непочитувањето на мерките ќе се казнува откако ќе бидат објавени во Службен весник.

Со измените во Законот за заштита на населението од заразни болести опфатени се начинот на лекување на пациентите, зголемување на ингеренциите на инспекторатите, како и задолжително носење на заштитна маска при излегување од домот.

Министерот за здравство Филипче рече дека исклучок од ова правило ќе има при спортување, возење во приватно возило, при седење во угостителски објект каде се почитуваат протоколите за заштита, за лица помлади од шест години и за лица со специфична здравсвена состојба или посебни потреби.

Од опозициската ВМРО- ДПМНЕ велат дека на комисиската распарава, на нивна иницијатива спорните решенија биле видеоизменети или отстранети. Велат, не само што не се кочничари на законот, како што тврдел Филипче, туку и активно учевствувале во подбрувањето на спорните мерки, особено во делот на задолжително носење маска и во однос на мерката за забрана за групирање во домовите.

Законот ќе стапи на сила по излегувањето во Службен весник.

 

Марија Котовска