Ребалансот на Буџетот од денеска на пленарна седница

29.10.2020 10:09

Вкупните приходи се планирани на ниво од 196,3 милијарди денари, односно се пониски за 11 ипол насто. Вкупните расходи се планирани на ниво од 252,8 милијарди денари, односно за околу 10 милијарди денари повеќе во однос на планот. Дефицитот е позициониран на 8,49 проценти од БДП.

Ребалансот на буџетот пред пратениците на финално усвојување. Со второто по ред прекројување на државната каса за годинава, треба да почне и имплементацијата на четвртиот пакет мерки во вкупен износ од 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството за излез од корона кризата.

Вкупните приходи се планирани на ниво од 196,3 милијарди денари, односно се пониски за 11 ипол насто. Вкупните расходи се планирани на ниво од 252,8 милијарди денари, односно за околу 10 милијарди денари повеќе во однос на планот. Дефицитот е позициониран на 8,49 проценти од БДП.

Расправата во Собранието трае најмногу 5 дена.