Милер: Се надевам дека Македонија ќе стане полноправна членка на НАТО на престојниот самит

14.03.2014 11:49

Конгресменката од Мичиген, Кендис Милер, пред педесетина преставници од Конгресот, амбасадори, дипломати и преставници од Стејт департментот, говореше за важноста од одржувањето во живот на проширувањето на НАТО...

Силно се надевам дека на престојниот самит, Македонија и Црна Гора ќе станат полноправни членки на НАТО, а останатите ќе бидат примени како потенцијални членки. Ова во средата го изјави конгресменката Кендис Милер од Мичиген, на работниот ручек на коалицијата на Југоисточна Европа во тесна врска со групата за пријателство со Македонија во конгресот.

Конгресменката Милер пред педесетина преставници од Конгресот, амбасадори, дипломати и преставници од Стејт департментот, говореше за важноста од одржувањето во живот на проширувањето на НАТО, потсетувајќи ги присутните за значењето кое Македонија го одигра во Алијансата, иако таа не е нејзина земја-членка.