КОВИД-19

Франција и Германија во делумен карантин

29.10.2020 10:15

Од утре Франција воведува карантин кој ќе трае најмалку до први декември. Претседателот Макрон во телевизиско обраќање истакна дека целта е да се сузбие вториот бран од епидемијата на коронавирусот.

Од утре Франција воведува карантин кој ќе трае најмалку до први декември. Претседателот Макрон во телевизиско обраќање истакна дека целта е да се сузбие вториот бран од епидемијата на коронавирусот.

Во рамките на овие рестрикции, кафулињата, рестораните и дуќаните ќе бидат затворени. Основните и средните училишта ќе продолжат со работа, но факултетите ќе работата онлајн.

Германија пак, од понеделник влегува во делумен национален карантин. Училиштата и таму остануваат отворени, се затвораат баровите, а ресторанитеќе работат единствено со нарачки. Предвидено е карантинот во Германија да трае цел ноември, а условите ги прифатиле сите 16 лидери на сојузните покраини.

Шефовите на држави и влади на ЕУ на денес на видео состанок ќе разговараат за пандемијата на коронавирусот.