Задолжителна самоизолација до добивање резултат од ковид тест, во спротивно казна од 50 евра

29.10.2020 10:59

Самоизолацијата е задолжителна при тестирање за Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се до добивање на резултатот. Доколку резултатот е позитивен самоизолацијата продолжува.

Самоизолацијата е задолжителна при тестирање за Ковид-19 од закажување на тестот или самото тестирање, па се до добивање на резултатот. Доколку резултатот е позитивен самоизолацијата продолжува.

Ова се предвидува со новите измени на Законот за заштита на населението од заразни болести што Собранието вчера вечер ги усвои, соопштуваат од Министерството за здравство.

За прекршителите на овој член од Законот предвидена е казна од 50 евра.