Мукаетов дел од елитното друштво „Млади глобални лидери“
Покрај Мукаетов, член на форумот на Млади глобални лидери од земјава е и Фатмир Бесими...

Генералниот директор и претседател на уравниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, стана дел од светското елитно друштво на Млади глобални лидери, чија главна цел е со заеднички напори и залагања, да го направат светот подобро место за живеење.
Како единствен претставник од Македонија во класата 2014, пред да се стекне со престижната титула „Млад глобален лидер“, Мукаетов го помина исклучително комплексниот, ригорозен процес на селекција кој се состои од неколку фази.
На чело на селекцискиот комитет стои кралицата Ранија ал Абдулах од Хашемитското кралство Јордан.
Покрај Мукаетов, член на форумот на Млади глобални лидери од земјава е и Фатмир Бесими, кој дел од ова друштво стана во 2010 година, како тогашен министер за економија.
