Пендаровски: Нема потреба за воведување вонредна состојба
„Ситуацијата со Ковид-19 да не се користи за добивање политички поени, кога сите сме губитници со високиот број заразени“, порака од претседателот Пендаровски по седницата на Советот за безбедност. Апелира да се почитуваат мерките, затоа што ситуацијата е сериозна. Рече дека сите институции се отворени за корисни предлози и сугестии...

Состојбата е исклучително сериозна, но нема причина за воведување на вонредна состојба која како прашање не беше ниту отворено – изјави шефот на државата Стево Пендаровски по седницата на Советот за национална безбедност, на која се разговараше за справување со коронавирусот.
Главнината од мерките е иста како и во останатите држави, рече претседателот, и апелираше на свесност и максимално почитување на мерките за заштита.
Учесниците на седницата сметаат дека и не е решение полициски час, негирајќи дека поригорозни мерки не се носат со цел економијата да не падне во поголема криза.
Во овој момент не се планира затворање на границите, било заклучено на Советот за безбедност, бидејќи нема увезување на вирусот од надвор туку тој се шири на внатре во државата.
Миле Ристески
