Министерот Спасовски хоспитализиран на Инфективна клиника
Министерот за здравство Филипче потврди дека министерот за внатрешни Спасовски е хоспитализиран на Инфективната клиника поради висока температура. Посочи дека неговата состојба е стабилна. Во меѓувреме, се зголемува бројот на пратеници позитивни на Ковид-19. Координаторите на пратеничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ велат дека протоколите се почитуваат и контактите се минимални...

По генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски на Инфективната клиника е хоспитализиран и Оливер Спасовски. Министерот за внатрешни работи е примен на клиниката поради покачена телесна температура.
Ковид-19 влезе и во Собранието. Ќе биде направена епидемиолошка анкета откако пратеничката Славјанка Петровска од СДСМ на социјалните мрежи објави дека е позитивна на вирусот.
Координаторите на пратеничките групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ велат дека протоколите се почитуваат, а контактите се сведени на минимум.
Досега тројца пратеници од парламентарното мнозинството се заразени со Ковид- 19 и еден од опозицијата.
Ана Јосифоска- Тодоровска
