Инспекторите добија поголеми овластувања во битката со непочитувачите на здравствените протоколи
Инспекторите добија поголеми овластувања во битката со непочитувачите на здравствените протоколи. Можат да стават клуч на врата на правни лица кои ќе направат прекршок. Зголемени се и казните. Контролите се спроведуваат непрекинато...

Во битката со непочитувачите на здравствените протоколи инспекторите добиваат големи овластувања. Сега со измените на законот тие можат на правното лице кое ги прекршило протоколите да му стават клуч на врата од 10 до 30 дена, информираше вицепремиерот Николовски. И казните ќе се поголеми во зависност од големината на компанијата. Состојбата е пресериозна и секој мора да се држи до основното правило маска, дистанца, хигиена на рацета. Нѐ напуштаат роднини, соседи кои до вчера биле сосема здрави, вирусот е преопасен. Николовски повика секој поединец да се однесува одговорно.
Директорот на Државниот инспекторат, Пауновски посочи дека контролите се спроведуваат непрекинато.
Претседателката на Инспекцискиот совет, Филиповска- Грашкоска истакна дека нема зголемување на бројот на преставките кои пристигнуваат до нив. Од пристигнатите предничат оние за работните односи и пазарната инспекција.
Од Владата најава за зајакнување на инспекциските служби но и фузирање или укинување на некои институции кои може да работат во состав на други посоодветни.
Фиљана Кока
