Со заедничка заложба на сите чинители во општеството, земјава ќе се доближи до ЕУ
„Со заедничка заложба на сите чинители во општеството, земјава ќе се доближи до Европската унија“ – конференција во Скопје. Европратеници од Народната партија велат дека корона -кризата ќе има влијание во носењето на одлуките. За домашните претставници, проблематични се владеењето на правото, реформите во администрација и борбата против корупцијата...

Сакаме да ви помогнеме во градењето мостови кон Брисел, но работите не се одвиваат најдобро, а корона кризата ќе има влијание во носењето на одлуките во Европската унија. Европратеникот и генерален секретар на Европската народна партија, Антонио Лопез Истуриз Вајт, со ваков став, преку видео врска, на конференцијата – Западен Балкан кон ЕУ, нагласувајќи дека во Брисел ќе има помалку флексибилност отколку досега.
За домашните претставници на семинарот, проблематични се владеењето на правото, реформите во државната администрација и борбата со корупцијата во Македонија. Поранешниот технички премиер од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, Емил Димитриев , со став – не може владеењето на правото да биде дисциплина која се вежба само врз претставниците на опозицијата.
Африм Гаши од Алијанса за Албанците ги констатираше како што рече - дефектите и аномалиите во нашето општество.
Пораката од конференцијата е дека само со заедничка заложба на сите чинители во општеството, Македонија ќе се доближи до Европската унија.
Марија Котовска
