Јотовски поразен во четвртфиналето

14.03.2014 12:11

Томислав Јотовски не успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на ИТФ Фјучерс турнирот во Шарм ел Шеик, вреден 10.000 долари.

Првиот фаворит на овој турнир Египќанецот Мохамед Сафват, 210 на АТП листата,  беше пресилен за нашиот 605 места послаборангиран играч кој во двата сета освои само три игри (2-6,1-6).  

Јотовски останува во Шарм ел Шеик на турнирот во конкуренција на двојки. Заедно со Босанецот Нерман Фатиќ за полуфинале ќе се судрат со унгарско – српската комбинација Гергељи Мадараш / Горан Марковиќ.