Свет
Во Индија повеќе од осум милиони заразени со Ковид-19
30.10.2020 09:23
Индија денес со 49.881 новоинфицирани на коронавирус го надмина бројот на осум милиони случаи според податоците на индиското Министерство за здравство.

Индија, како втора најнаселена земја, сè уште е на второ место во светот по бројот на заразени со оваа инфекција, зад САД, каде се заразени 8,8 милиони, пренесува Ројтерс.
Во Индија има релативно помалку смртни случаи од коронавирус во однос на бројот на заразени лица, односно биле регистрирани 517 смртни случаи во последните 24 часа, што го зголеми вкупниот број на смртни случаи на 120.527, објави Министерството за здравство.
Дијана Гогова
