Oтворен музеј посветен на лов на вештерки
Во градот Рибе во западна Данска е отворен необичен музеј, посветен на лов на вештерки и период од историјата кој е занемарен во Европа.

Музејот, сместен во куќата на поранешен инквизитор во средновековниот кварт Рибе, кој некогаш важеше за главен град на вештерството во Данска, е заборавена приказна за прогонството на вештерките, која се споменува во книгите и историјата.
Културната институција го портретираше тогашното лутеранско општество многу побожно и суеверно, во кое магијата, стравот и недовербата привлекуваат божествен гнев.
Во неколку сали на музејот, метли, амајлии, кукли и черепи се изложени покрај разни уреди за мачење, во ритам на вознемирувачка музика со пригушени извици на вештерки, кои биле најмногу прогонувани во 17 век.
Во Европа, 100.000 луѓе биле прогонувани за вештерство во тој период, а 50.000 биле изгорени на клада. Околу 1.000 луѓе биле убиени во Данска, изјави претставникот на музејот Луис Хоберг Линдгард, експерт за историја на вештерството.
Според неа, строг став кон тоа прашање бил инициран од немилосрдниот дански крал Кристијан IV (1577-1648). Тој го донесе првиот закон против вештерството, според кој обвинетите за практикување црна магија беа осудени на клада.
Осум години по донесувањето на законот, прогонот беше таков што секој петти ден, едно лице обвинето за вештерство гореше на клада.
Експертите веруваат дека на овој начин, кралот сакал да ја зачува својата моќ и да се покаже како добар христијанин кој се грижи за своите поданици.
Музејот, кој беше отворен во јуни, привлече околу 10.000 луѓе.
Дијана Гогова
