Почина актерот Данчо Чеврески
Уште една актерска легенда го кажа последното збогум до публиката. Вчера, на 69 годишна возраст во Скопје почина Данчо Чеврески, македонски театарски и филмски актер и продуцент...

Уште една актерска легенда го кажа последното збогум до публиката. Вчера, на 69 годишна возраст во Скопје почина Данчо Чеврески, македонски театарски и филмски актер и продуцент. Тој глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, меѓу кои „Најдолгиот пат“, „Црвениот коњ“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“, „Деца на сонцето“.
Чеврески е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови Тирангл, а работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на факултетот.
Тој е роден на 17 мај 1951 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери, а специјализирал на УКЛА во Лос Анџелес. Во текот на неговата плодна кариера е добитник на повеќе награди.
