Коронавирус

109 вработени и 33 деца досега позитивни на Ковид-19 во градинките

30.10.2020 13:03

Бројката на позитивни вработени во градинките е 109 лица, а 33 деца заболеа. Голем дел од нив се веќе оздравени, вели министерката Шахпаска. Моментално во изолација се 650 деца и 107 вработени...

За два месеци откако дечињата почнаа да одат во градинка, бројката на позитивни вработени е 109 лица, а 33 деца, ги соопшти бројките министерката за труд и социјална политика, Шахпаска. Голем дел од нив се веќе оздравени, такашто моментално 650 деца се во изолација и 107 вработени во градинките. Шахпаска потенцира дека овие лица не се позитивни, туку во изолација бидејќи поради еден воспитувач, позитивен на ковид одат 15 деца ои еден воспитач во изолација.

Општината која е во речиси најдобра состојба е Гостивар. Градоначалникот Таравари вели тоа се должи на строгото почитување на протоколите. Децата и воспитувачите надвор од градинките може да имаат секакви контакти дома или надвор, но во градинките сѐ се држи под контрола.

Во Гостивар има четири градинки, петтата ќе се гради со финансиската помош од 30 милиони денари грант што им го доделува Министерството, за што министерката Шахпаска и градоначалникот Таравари потпишаа договор.

Таравари истакна дека како единствена опозициска општина, може да даде пример, како кога се во прашање интересите на граѓаните ресонрото министерство секогаш соработува со оваа општина.

 

Фиљана Кока