Пад на индустриското производство во септември од 3,9%

30.10.2020 13:08

Секторот рударство, во септември 2020 година, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање од 9,7 насто. Преработувачка индустрија има пад од 1,9 проценти. Електричната енергија, опаѓање од 13,2 насто.

Индустриското производство во септември бележи пад од 3,9 насто. Од почетокот на годината, има намалување од 12,1 процент, објави Државниот завод за статистика.

Секторот рударство, во септември 2020 година, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање од 9,7 насто. Преработувачка индустрија има пад од 1,9 проценти. Електричната енергија, опаѓање од 13,2 насто.

Намалувањето во секторот, преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство на прехранбени производи, соопштуваат од државната статистика.