Ковид-19

Расте бројот на дарители на ковалесцентна плазма

30.10.2020 13:49

Над 100 пациенти во државата заболени од Ковид- 19 досега се третирани со ковалесцентна плазма од лица кои се избориле со вирусот. Од Институтот за трансфузиона медицина ги повикуваат сите излекувани пациенти да се пријават преку електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот или со директно јавување, да даруваат крв со што ќе помогнат на пациентите кои во моментот се борат со корона вирусот...

Дарителите на крвна плазма наменета за болните од Ковид- 19 се значаен дел во справувањето со опасниот вирус. Крводарителството воопшто, а посебно од лицата кои ја надминале болеста е највисок хуман чин и значи спас за болните. Македонската телевизија беше во Центарот за трансфузиона медицина во Штип.

Терапијата со ковалесцентна плазма не е нова идеја во медицината, таа се практикувала и во борбата со шпанскиот грип пред сто години. Со плазмата се јакне одбрамбената способност на пациентот кон вирусот и не е ризик по здравјето на дарителот.

На почетокот се јавувавме поединечно на секој оздравен пациент, сега тие сами се нудат да донираат крвна плазма, вели трансфузиологот, д-р Мери Шорова.

Дарител на ковалесцентна плазма може да е лице од 18 до 60 години излекувано од Ковид- 19 со два негативни тестови и по 28 дена од изолацијата.

 

Славица Величковска